Novalac Prenatal капсули > Планирање на бременост > Подготовки за зачнување и првите знаци на бременост

Подготовки за зачнување и првите знаци на бременост

Размислувате за раѓање на вашето прво дете и би сакале да научите што е можно повеќе за тоа како да се подготвите и што ве очекува во деветте месеци од бременоста. Добро е што ве интересира тоа и што сте подготвени за доаѓањето на детето. Најдобро ќе се подготвите за бременост грижејќи се за себе и притоа сте опуштени, наспани, сакани и без постојани негативни мисли.

5 совети за подготовка за бременост

Одлуката да се има дете, подразбира и одлука за здрав стил на живот (придржувајте се во период на бременоста, но и по раѓањето на детето). Почитувајте си го ветувањето кон себе и своето дете за редовно движење на свеж воздух, но и за внес на разновидна и здрава храна. За Вас подготвивме пет совети за квалитетна подготовка за бременост.

1. Прекинете ги лошите навики.

Престанете да пушите, пиете алкохол и намалете го внесувањето на кафе и чај.

2. Бидете физички активни.

Секој ден одете на прошетки на чист воздух, продолжете и за време на бременоста и со бебето по раѓањето. На овој начин, ќе го намалите стресот и ќе одржите здрава телесна тежина, што е многу важно за одржување на нормален крвен притисок и што ќе ви помогне да избегнете гестациски дијабетес.

3. Хранете се разновидно и здраво.

Вклучете што повеќе свеж зеленчук и овошје во вашите оброци, квалитетни протеини, цели зрна и здрави масти. За време на бременоста, телото на мајката мора да обезбеди крв и за крвотокот на бебето, затоа е важно да се консумира доволно храна богата со железо, што придонесува за создавање на црвени крвни клетки и хемоглобин. Го има во црниот дроб, месото и месните производи, мешунките, житарките, морските плодови, темнозелениот зеленчук и сувото овошје.

4. Земајте фолна киселина.

Кога размислувате за зачнување, најважно е да започнете да земате фолна киселина што е можно поскоро, најмалку три месеци пред бременоста. Фолната киселина го намалува ризикот од раѓање на дете со оштетување на невралната цевка што ги поврзува 'рбетот и мозокот. Фолната киселина се наоѓа во зеленчук како што се брокула, спанаќ, авокадо и аспарагус, како и во додатоци во исхраната кои треба да содржат, покрај фолна киселина, и други основни хранливи материи потребни за бременост.

5. Следете го менструалниот циклус.

Слушајте го своето тело и следете го менструалниот циклус. Само на овој начин ќе знаете приближно кога ви се плодните денови; тие обично се движат околу 14-тиот ден од првиот ден на менструацијата. Тестовите за овулација исто така можат да ви помогнат.

Првите знаци на бременост: од грчеви до утринска мачнина 

По оплодувањето на јајце клетката во периодот од првото отсуство на менструација, може да се појави еден од најраните знаци на бременост, лесно крварење, а кај некои жени и грчеви кои личат на менструални болки.

Промените на градите се исто така еден од првите знаци на бременост. Тие можат да бидат отечени, болни, чувствителни на допир и може да добиете впечаток дека се потешки од вообичаеното. Кај бремени жени, ареолата, односно кожата околу брадавиците, потемнува.

Заморот е чест во бременоста и може да започне веќе една недела по зачнувањето. Често се јавува поради високи нивоа на хормонот прогестерон, а може да влијае и ниското ниво на шеќер во крвта, нискиот крвен притисок и забрзаното производство на крв во организмот. Затоа на бремените жени им се препорачува многу одмор, како и храна богата со протеини и железо.

Утринската мачнина е најпозната непријатна појава кај бремени жени, но не дозволувајте името да ве доведе во заблуда. Гадење не се јавува кај сите жени и не мора да се појавува (само) наутро.

Веројатно веќе сте слушнале дека некои бремени жени имаат интересна желба за одредена храна. Некои имаат желба за слатка храна, други за кисело, а можеби дури и сакаат јадења што не ги сакале порано и обратно. Ова е исто така поврзано со хормоналните промени.

Најочигледен знак за бременост е секако отсуството на менструација. Сепак, ова не мора да биде знак на бременост, бидејќи отсуството може да биде предизвикано и од други причини, како што се промени во тежината, хормонални промени, замор, стрес или прекинување на земањето на таблети за контрацепција. За да ја потврдите бременоста, препорачуваме да направите тест за бременост и да закажете преглед кај гинеколог кој може со сигурност да ја потврди вашата бременост.

Очекувањето на бебето нека биде убав период од вашиот живот

И покрај наведените непријатности што можат да ја придружуваат бременоста, ве советуваме да уживате и да го слушате вашето тело во пресрет на новиот живот. Одморете се, движете се, јадете здраво и не грижете се за работи над кои немате контрола. Посветете се на себе си, вашиот партнер и на подготовките за нов член на семејството.

Пред зачнувањето, за време на бременоста и доењето земајте Novalac Prenatal капсули кои само во една капсула ги содржат сите неопходни состојки за здрав развој на бебето: активна фолна киселина, железо и ДХА омега-3 масна киселина која овозможува правилен развој на мозокот и видот кај детето.

Планирање на бременост

Дали планирате да го проширите семејството? Зачнувањето е многу важна одлука затоа што внесува нова радост и грижа во животот на идната мајка.

Прочитај повеќе

Бременост

Секоја бременост е нешто посебно. Што ќе се случи за време на бременоста, како да се подготвите за бременоста и за породувањето, кои се упатствата за исхрана во бременоста.

Прочитај повеќе

Novalac Prenatal капсулите се додатоци во исхраната. Додатоците на исхрана не се замена за балансирана исхрана.