Омега-3 масни киселини ДХА – од планирање на бременост па понатаму
Зошто омега-3 масните киселини се важни за (идните) мајки и за бебињата?
Адекватниот внес на масни киселини е од клучно значење за здравјето на секој човек, особено за (идните) мајки. Недостатокот или дисбалансот на омега-3 и омега-6 масните киселини е причина за многу здравствени проблеми и може да биде поврзан со компликации во бременоста.
Масните киселини ги градат клеточните мембрани и влегуваат во составот на многу хормони. Исто така тие се важни и како извор на енергија. Некои масни киселини, како што се омега-3 и омега-6 масните киселини, се есенцијални, што значи дека телото не може да ги произведе самостојно и мора да се внесуваат преку храната.
Во есенцијални масни киселини спаѓаат:
- ДХА–докозахексаенска киселина ,
- ЕПА – еикозапентаенска киселина,
- АХА – арахидонска киселина.
Меѓу нив, најважни се ДХA и AХA бидејќи тие се важни компоненти на структурните липиди на мозокот на фетусот.
ДХА е главната структурна маст во човечкиот мозок и очите , што значи дека сочинува приближно 97% од сите омега-3 масни киселини во мозокот и 93% од сите омега-3 масни киселини во мрежницата.
ДХА е многу важна за развојот на мозокот и очната мрежница на фетусот во третиот троместар од бременоста и до 24-от месец од животот на детето.
Омега-3 масни киселини во бременоста
Земањето на омега-3 масни киселини за време на бременоста преку храната или додатоци на исхрана има бројни придобивки за бебето.
Правилен внес на масни киселини за време на бременоста:
- помага во нормалниот развој на мозокот и видот на детето ,
- го намалува ризикот од предвремено породување ,
- го поттикнува растот и невролошкиот развој на фетусот.
Омега-3 масни киселини за време на доењето
Внесените Омега-3 масни киселини во текот на доењето се излачуваат во мајчиното млеко и придонесуваат за:
- здрав развој на острината на видот на доенчето,
- психомоторните функции,
- растот на доенчето.
Правилниот внес на масни киселини по породувањето е исто така важен и за спречување на развој на кардиоваскуларни заболувања.
Недостатокот на ДХА може да предизвика појава на алергии, атопичен дерматитис и астма кај детето.
Храна која содржи омега-3 масни киселини
Преку разновидната исхрана, внесуваме многу заситени масти, а премалку полинезаситени масти (омега-3 масти), кои што се важни за доенчето.
Омега-3 масните киселини и омега-6 масните киселини природно се наоѓаат во мајчиното млеко, а можат да се најдат во намирниците како што се:
- растителни масла (на пример, масло од репка, масло од орев, ленено масло),
- јаткасти плодови и семиња (на пр. ореви),
- рибино масло,
- ДХА се наоѓа исклучиво во масни морски риби (на пр. лосос, туна, бакалар, инчуни, сардина).
Различниот внес на одредени масни киселини во храната се одразува на составот на мајчиното млеко. За доволен внес на омега-3 масти, треба редовно да се консумираат житарки, јаткасти плодови, грав, зелен зеленчук и морска храна најмалку два пати неделно.
За дополнителна поддршка, препорачуваме внесување на ДХА преку додатоци во исхраната.
Масни киселини во капсулите Novalac Prenatal
Поради брзото темпо на живот, често јадеме премногу преработена храна, а премалку свежа храна, вклучително и риба. Резултатот е намален внес на омега-3 масни киселини.
За оптимален ефект на бремените жени и доилките им се препорачува дневно да земаат 200 mgДХАпреку додатоци во исхраната.
Капсулите Novalac Prenatal содржат точно 200 mgДХАи тоа во само една капсула заедно со други есенцијални витамини и минерали. Иновативниот состав на капсулите ви овозможува да не го почувствувате вкусот на риба кога ги голтате.