Novalac Prenatal капсули > Планирање на бременост > Неплодност: што, кога и зошто?

Неплодност: што, кога и зошто?

Денес скоро 15 проценти од паровите кои планираат потомство се соочуваат со проблеми со неплодност. Покрај тоа, неплодноста како тема сеуште е проследена со непотребна стигма, што претставува дополнително психолошко оптоварување на целата стресна ситуација.

Кога говориме за неплодност?

Клинички неплодноста се дефинира како неможност за успешно зачнување на парот, по една година на редови и незаштитени полови односи. Кога кај парот жената е на возраст над 35 години, временската рамка за класификација на неплодност се намалува од дванаесет на шест месеци.

Соочување со дијагноза неплодност претставува голем психолошки стрес за парот, искушение за поединецот и цврстината на врската, бидејќи во тие моменти може да се чини дека сите наши животни соништа, визии и планови за формирање на семејство, едноставно ни се рушат пред очи.

Меѓутоа, не е се така црно како што изгледа, бидејќи со познавање на причината, факторите на ризик и можните интервенции и решенија, а пред се отворена охрабрувачка комуникација помеѓу партнерите, но и помеѓу парот и стручните лица, неплодноста денес кај повеќето случаи може да се реши и да се намали товарот кој го предизвикува.

Причините кои го отежнуваат или потполно го оневозможуваат зачнувањето се бројни и разновидни, можат да бидат од страна на едниот партнер или двата партнери истовремено.

Најчести причини за неплодност кај жените

  • Нарушувањата во овулацијата кои влијаат на ослободувањето на јајце клетките од јајниците. Тука спаѓаат бројни хормонални нарушувања како синдромот на полицистични јајници, прекумерно лачење на пролактин (хиперпролактинемија), прекумерна работа на тироидната жлезда (хипертиреоза) или намалена работа на тироидната жлезда (хипотиреоза).
  • Аномалии на матката како што се неправилности на грлото на матката, полипи на матката или абнормален облик на матката.
  • Ендометриоза која се јавува кога ткивото на слузокожата на матката (ендометриум) расте надвор од матката и со тоа влијае и на функцијата на јајниците, матката и јајцеводите.
  • Оштетени или непроодни јајцеводи, најчесто предизвикани од воспаление на јајцеводите( салпингитис). Воспалението може да биде предизвикано поради воспаленија во карлицата, најчесто предизвикани од полово преносливи инфекции, ендометриоза или лузни (адхезија).
  • Предвремена менопауза (примарна инсуфициенција на јајце клетки) е ретка појава која се јавува кога јајниците ќе престанат да функционираат, а губењето на менструалниот циклус кај се јавува пред четириесетата година од животот.

Во современото друштво, наспроти рамноправноста на половите, тежината на проблемите поврзани со неплодноста и понатаму најчесто се препишуваат на жените и поради таа причина кај жените e многу поголемо психолошкото оптоварување. Меѓутоа, новите истражувања покажуваат дека и мажите имаат иста, ако не и поголема можност за развој на компликации кои можат да доведат до неплодност. Поради таа причина е исклучително важно и мажите и жените да бидат активно вклучени во откривањето и во терапијата на неплодноста.

Најчести причини за неплодност кај мажите

  • Неправилно производство или функција на спермата поради непотполно спуштени тестиси, генетски недостатоци, здравствени проблеми (дијабетес) или инфекција (хламидија, гонореа, вирус на заушки или ХИВ).
  • Проширени вени на тестисите (варикокела) кои можат да влијаат на квалитетот на спермата.
  • Проблеми во транспортот на спермата кои можат да се појават за време на половиот однос (на пример: предвремена ејакулација), структурни тегоби (на пример: блокада на тестисите)
  • Прекумерна изложеност на мажите на штетните влијанија од околината како што се различните пестициди и останати хемикалии, но исто така и зрачење.
  • Често изложување на интензивна топлина, како подолг период поминат во сауна, масажа во топли бањи, туширање со многу топла вода и носење на тесна долна облека.

Покрај тоа, треба да се напомене дека појавата на канцерогени болести без разлика на полот бара агресивни методи на лечење како што се хемотерапија и радиотерапија, кои можат во голема мера да ја намалат способноста на репродукцијата кај поединецот. Пред спроведување или што е можно поскоро по спроведување на терапијата, посебно ако се работи за лица со репродуктивна старост, потребно е консултација со релевантни стручни лица (онколог, гинеколог) и проценка на потенцијалните дејства и резултати од терапијата на плодност, но и да се испитаат алтернативните методи на зачувување на плодноста (замрзнување на ембриони, јајце клетки или ткиво од јајниците).

Покрај генетските абнормалности кои се одговорни за отприлика половина од сите проблеми поврзани со неплодност, стручните лица проценуваат дека и другата половина на можни компликации е во согласност со нашите одлуки и често е одраз на стилот на живеење на поединецот.

Значи, што можеме да направиме сами за да ја зачуваме или да ја подобриме плодноста? Кликнете и прочитајте!

 

Литература:

  1. Tamrakar SR, Bastakoti R. Determinants of Infertility in Couples. J Nepal Health Res Counc. 2019 Apr 28;17(1):85-89. 
  2. Gnoth C, Godehardt E, Frank-Herrmann P, Friol K, Tigges J, Freundl G. Definition and prevalence of subfertility and infertility. Hum Reprod. 2005 May;20(5):1144-7.
  3. Zorrilla M, Yatsenko AN. The Genetics of Infertility: Current Status of the Field. Curr Genet Med Rep. 2013 Dec 1;1(4):10.1007/s40142-013-0027-1.
  4. Liu K, Case A; REPRODUCTIVE ENDOCRINOLOGY AND INFERTILITY COMMITTEE. Advanced reproductive age and fertility. J Obstet Gynaecol Can. 2011 Nov;33(11):1165-1175.
  5. https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/infertility/symptoms-causes/syc-20354317 (Dostopano dne 26. 1. 2021)
  6. Sharma R, Biedenharn KR, Fedor JM, Agarwal A. Lifestyle factors and reproductive health: taking control of your fertility. Reprod Biol Endocrinol. 2013 Jul 16;11:66.
  7. https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/female-infertility/symptoms-causes/syc-20354308 (Dostopano dne 26. 1. 2021)

Планирање на бременост

Дали планирате да го проширите семејството? Зачнувањето е многу важна одлука затоа што внесува нова радост и грижа во животот на идната мајка.

Прочитај повеќе

Бременост

Секоја бременост е нешто посебно. Што ќе се случи за време на бременоста, како да се подготвите за бременоста и за породувањето, кои се упатствата за исхрана во бременоста.

Прочитај повеќе

Novalac Prenatal капсулите се додатоци во исхраната. Додатоците на исхрана не се замена за балансирана исхрана.