Најдобри сексуални положби за зачнување
Планирање на бременоста може да биде стресен и непријатен период за многу парови. Можноста за зачнување може да биде условена од многу елементи на кои Вие како пар не можете да влијаете. Меѓутоа, постојат неколку начини како да се подобри можноста за зачнување и истовремено да се опуштите.
Во оваа статија собравме совети за најдоброто време и начин на зачнување, а за деталите и дополнителните прашања можете да разговарате со својот лекар или гинеколог. Исто така се препорачува пред планирање на бременоста, Вие и Вашиот партнер да отидете на лекарски преглед каде можете да ги дознаете евентуалните здравствени проблеми или да добиете потврда дека Вашето тело е спремно за нов живот.
Плодност и овулација
Најдобро време за забременување е за време на најплодниот период од менструалниот циклус. Се нарекува и „прозорец на плодноста„. Најплодното време кај жената е пет дена пред овулација и на денот на овулацијата.
Овулација е поим за процес кој се случува еднаш во секој менструален циклус. Поради хормоналните промени јајце клетката се ослободува од јајникот и тогаш сперматозоидот може да ја оплоди. За зачнување потребно е да имате сексуални односи во плодните денови.
За да би можела да го препознаеш својот „прозорец на плодноста“, исклучително е важно да го познаваш својот менструален циклус. Ти препорачуваме да водиш календар на менструалниот циклус или податоците да ги внесеш во апликација, бидејќи така најдобро би знаела кога си плодна. Првиот ден од менструалниот циклус започнува од првиот ден од менстурацијата и завршува ден пред следната. Околу 14 дена пред следната менстурација настапува овулација. Доколку твојот циклус е во времетраење од 28 дена, ќе бидеш најплодна помеѓу 10 и 14 ти ден од почетокот на менструацијата.
Сега веќе добро знаеш кога имаш најдобра шанса да забремениш. Но на тоа влијаат многу повеќе фактори, а не само плодноста. Еден од факторите е и избор на соодветна сексуална положба, кое може да ја зголеми шансата за бременост. Иако наведените сексуални положби помагаат во зачнувањето, науката сеуште не открила доволно докази кои даваат предност на една или друга положба. Без разлика на тоа која положба сте ја одбрале, конзистентноста и редовните полови односи се клучни фактори кои ја зголемуваат шансата за бременост.
Најдобри положби за зачнување
1. МИСИОНЕРСКА ПОЛОЖБА
Една од анатомски најповолните позиции за зачнување е мисионерската положба. Во теорија оваа положба со мажот е соодветна бидејќи грлото на матката полесно доаѓа во контакт со семената течност, со што се олеснува пристапот на сперматозоидите до цервикалната слуз.
Поради тоа мисионерската положба каде жената лежи на грб е соодветна само за жени со антевертирана матка. Меѓутоа, доколку имаш ретровертирана или превртена матка, шансите да забремениш во мисионерска положба се помали.
2. НОЗЕ НА РАМЕНИЦИ
Мисионерската положба може брзо да Ви досади и можете да ја зачините со спортски подвизи. Во лежечка положба пробај нозете да ги поставиш околу вратот и рамениците на мажот. Оваа положба ќе овозможи сперматозоидите уште повеќе да се приближат до грлото на матката, најчесто благодарение на гравитацијата.
Забавна варијанта на традиционалната положба која може да ги зголеми шансите за бременост.
3. КУЧЕШКА ПОЛОЖБА
Многу парови уживаат во кучешката положба каде жената е клекната и потпрена на рацете и нозете, а мажот продира од зад грб. Првенствено е популарна поради длабокото продирање и надразнување на Г точката, но може да стане и омилена положба за зачнување. Поради длабоката пенетрација сперматозоидите можат полесно и почесто да навлезат во грлото на матката, и на тој начин се зголемуваат и шансите за бременост.
4. СВРТЕНА КАУБОЈКА
Свртена каубојка е уште една положба каде веројатноста да забремениш е голема поради длабоката пенетрација. Положба во која си ти одозгора и свртена со грб спрема лицето на партнерот и имаш прилика сама да го водиш темпото и длабината на продирањето.
5. ПОЛОЖБА ЗАД ГРБ
Оваа положба е слична со кучешката, само што ти лежиш на стомак, а партнерот се спушта зад тебе. Тоа му овозможува длабоко продирање, кое може да помогне побрзо да забремениш. Положбата е интересна и вреди да се проба.
6. СТРАНИЧНА ПОЛОЖБА
Планирањето на бременоста може да предизвика голем психички притисок и нелагодност во сексуалните односи во периодот на планирање. Затоа страничната положба е одлична бидејќи е едноставна и интимна. Со партнерот лежите странично, свртени еден спрема друг. Положбата освен што е романтична, истовремено овозможува и длабоко продирање кое може да помогне во зачнувањето.
7. КОЛИЧКА
Дали заедно со партнерот сакате забавни и авантуристички подвизи во спалната соба? Тогаш положбата наречена градинарска количка може да биде најдобра за Вас, но ќе Ви биде потребно доста кондиција и еластичност. Во оваа положба потребно е да се потпреш со рацете на под, а мажот со рацете ќе ги подигне твоите нозе, ќе ги постави околу неговите колкови и ќе пенетрира. Може да ти помогне држејќи ги твоите колкови. Оваа положба овозможува длабока пенетрација и близина на грлото на матката.
8. ТВОЈАТА НАЈОМИЛЕНА ПОЛОЖБА
Покрај советите и препораките за најдобрата положба, остани си верна на самата себе. Пронајди ја својата омилена положба и уживај во неа со својот партнер. Најважно е и двајцата да се опуштите и да се препуштите на уживањето, зошто само така Вашиот партнер ќе може да ја „ заврши својата работа“.
До сега одговоривме на две важни прашања: кога е најдобро да имате односи и кои положби би можеле да ја зголемат шансата за бременост. Меѓутоа, плодноста, а со тоа и можноста за зачнување зависи и од некои други фактори. Начинот на живот, квалитетот на семена течност кај Вашиот партнер и многу други елементи кои можат да влијаат на можноста за бременост. Во продолжение собравме некои занимливости и факти за тоа како со Вашите постапки можете дополнително да влијаете на можноста за зачнување.
Совети за поголема можност за бременост
- Двајцата престанете да пушите и да пиете алкохол, одржувајте здрава телесна тежина со здрав начин на живот.
- Започни секојдневно да земаш додаток со фолна киселина, бидејќи ги подобрува шансите за бременост. Novalac Prenatal капсулите содржат активен облик на фолна киселина Quatrefolic кој организмот комплетно го користи.
- Доколку употребувате лубрикант, заменете го со оној кој е погоден за семената течност. Повеќето лубриканти можат да ја оштетат, па дури и да ја уништат семената течност. Затоа во продавница или аптека прашајте кои лубриканти се пријателски наклонети спрема сперматозоидите или пак пробајте да не употребувате лубрикант.
- Гинеколозите препорачуваат редовни незаштитени сексуални односи од 2 до 3 пати неделно. Иако секојдневните сексуални односи можат да ја зголемат шансата за зачнување, најголем успех е забележан кај парови кои имале сексуални односи секој втор ден. Немојте премногу да се оптоварувате со распоредот и уживајте во Вашите интимни моменти.
- Дали си земала таблети за контрацепција? Се препорачува да почекаш два до три менструални циклуси по земање на таблетите и дури тогаш да пробаш да забремениш. Исто така препорачуваме консултација со одбраниот гинеколог.
- Многу луѓе тврдат дека 30 минутен одмор по сексуалниот однос им помогнал во зачнувањето. Научниците официјално не го потврдиле ова мислење, но сигурно не штети доколку уште некое време останете заедно во кревет .
Твоето здравје и здравјето на твојот партнер се најважни при планирање на бременоста. Покрај тоа што јадеш здрава храна, редовно вежбаш и избегнуваш лоши навики, важно е во организмот да внесуваш доволно витамини, минерали и хранливи материи кои ти се потребни сега и за време на бременоста. Сите клучни хранливи материи за време на планирање на бременоста се содржани во Novalac Prenatal капсулите.
Извори
https://www.parents.com/getting-pregnant/fertility/best-sex-position-to-conceive/
https://si.clearblue.com/how-to-get-pregnant/what-is-ovulation
https://www.webmd.com/baby/features/7-tips-getting-pregnant-faster#1