Novalac Prenatal капсули > Доење > Исхрана по породувањето – исхрана кај доилка

Исхрана по породувањето – исхрана кај доилка

Исхраната на мајката по породувањето не е многу сложена, но некогаш грижата за соодветна исхрана може да стане вистинско измачување. Како и за време на бременоста, исхраната на мајката за време на доењето мора да биде богата со високо квалитетна храна, бидејќи тоа ќе обезбеди оптимално производство на хранливо и квалитетно млеко.

Доилките имаат поголема енергетска потреба од жените кои не дојат. Потребите во тој период во просек се поголеми за околу 500 kcal дневно, но најмногу зависат од конституцијата на мајката и потребата на новороденчето. Сепак, најдобар показател за тоа дека мајката ги задоволува своите енергетски и нутритивни потреби, како и потребите на доенчето е одржувањето на телесната тежина, при што губењето на најмногу половина килограм месечно е прифатливо.

Ако доилката со исхраната не внесува доволно нутриенти за себе и своето бебе, нејзиниот организам ќе ги ,,извлече’’ потребните хранливи материи за доенчето од своите залихи, меѓутоа неправилниот внес на некои витамини и минерали може да влијае на нивниот удел во мајчиното млеко.

Во првите неколку недели по породувањето, мајките честопати можат да бидат крајно исцрпени, што може да предизвика чувство на вознемиреност и депресија. Здравата исхрана може да помогне. Основата на секоја исхрана се разновидност, умереност и баланс, а одредени намирници може да помогнат за побрзо закрепнување. Како што е важно за новороденчето да има ред, така е важно и неговата мајка да има соодветен број на оброци и доволен внес на течности, што влијае на количината и квалитетот на млекото.

Закрепнувачка супа

Супата, подготвена од црвено месо и разновиден зеленчук овозможува зајакнување и дополнително внесување на течности. Вареното црвено месо е одличен извор на железо и ако е во комбинација со зеленчук и цели зрна (на пр. интегрален ориз), претставува комплетен оброк за жена која неодамна се породила.

Извор на протеини

Протеините се важен дел од исхраната на жената која дои, особено затоа што голем дел од нив се искористуваат во создавање на млекото. Аминокиселината триптофан е исклучително важна за враќање на енергијата и побрзо закрепнување, а најдобри извори на оваа аминокиселина се месото и јајцата, но и овошјето, како што се банани и смокви, разни семиња и спанаќ.

Витамини и минерали

Витамини и минерали природно се наоѓаат во овошјето и зеленчукот. Во периодот веднаш по породувањето, се препорачува да се земаат и витамини и минерали, како и дополнителни додатоци на исхраната. Тоа се најчесто производи кои исто така се препорачуваат за време на бременоста.

Нешто слатко 

Слатко по породувањето – само најквалитетно. Квалитетни слатки како темно чоколадо или сладолед, гарантираат задоволство, а покрај тоа што се извори на антиоксиданси (чоколада) и калциум (сладолед) претставуваат одличен извор на серотонин  – хормонот на среќа.

Кафе

Кофеин, теин и теобромин се соединенија кои делуваат стимулативно на централниот нервен систем, а се наоѓаат во кафето, чајот и чоколадата. Овие соединенија не би требало да предизвикуваат проблеми кај новороденчето, меѓутоа, на доилките не им се препорачува конзумација на поголема количина бидејќи може да преминат во мајчиното млеко, а тоа кај доенчето да предизвика немир и несоница.

Која храна треба да се избегнува?

Составот и аромата на мајчиното млеко ја рефлектираат исхраната на мајката што дои, затоа е важно да се следи детето и можните реакции за време и после доењето. Од таа причина, честопати традиционално се препорачува да се избегнуваат одредени видови храна или групи на храна, како што се зелка, грав, агруми итн. Иако кај некои доенчиња може да се забележи дека имаат почувствителен гастроинтестинален систем и недоволно развиен имунолошки систем, поради што се можни дигестивни нарушувања (црвенило на задникот, надуеност и гасови) и појава на алергии (осип, уртикарија).

Елиминационите диети кај мајките кои дојат во овие случаи сè уште не се потврдени научно
, поради што не се препорачува самоиницијативно целосно отстранување на одредени групи на храна за време на доењето. Доколку мајката забележи очигледна поврзаност помеѓу симптомите, важно е да се советува со педијатар пред да превземе било какви мерки.

За побрзо закрепнување на мајката и добар напредок на доенчето, најважно е да се воспостави правилен ритам на хранење и спиење. На тој начин, и мајката и детето ќе го добијат она што им е потребно, а на задоволството ќе му нема крај.

 

Планирање на бременост

Дали планирате да го проширите семејството? Зачнувањето е многу важна одлука затоа што внесува нова радост и грижа во животот на идната мајка.

Прочитај повеќе

Бременост

Секоја бременост е нешто посебно. Што ќе се случи за време на бременоста, како да се подготвите за бременоста и за породувањето, кои се упатствата за исхрана во бременоста.

Прочитај повеќе

Novalac Prenatal капсулите се додатоци во исхраната. Додатоците на исхрана не се замена за балансирана исхрана.