Novalac Prenatal капсули > Бременост > Зошто Novalac Prenatal е оптимален избор за бремени жени и идни мајки

Зошто Novalac Prenatal е оптимален избор за бремени жени и идни мајки

Zakaj je Novalac Prenatal optimalna izbira za nosečnice in bodoče mamiceКоличината на хранливи материи која е достапна за време на бременоста, потребна за развој на бебето, во голема мера зависи од внесот на хранливи материи од страна на мајката. Медицината базирана на докази одамна го препознала постоењето на врската помеѓу недоволниот внес на најнеопходни хранливи материи и појава на малформација (неправилна структура или форма на органите или дел од орган), како и појава на неповолни здравствени резултати кај мајката и бебето.

Како би се избегнале било какви компликации, бременоста денес претставува период во кој идните мајки посветуваат посебно внимание на грижата за своето здравје и доволен внес на квалитетни хранливи материи. Овој период се карактеризира со се поголема употреба на додатоци во исхраната кај бремените жени и жени кои планираат бременост. Моментално на пазарот постојат голем број разновидни формулации на додатоци во исхрана, меѓу кои несите додатоцисе потребни, квалитетни, ниту пак потполно безбедни.

Поради оваа причина Ве повикуваме на краток преглед на составот на Novalac Prenatal капсулите. Ќе се информирате зошто одредени минерали, витамини или масни киселини се вклучени во формулата на Novalac Prenatal капсулите и кои се научно докажаните факти врз кои се заснова одлуката за составот на овој додаток во исхраната.

Во текот на бременоста, идната мајка не е одговорна само за себе, туку и за развојот на бебето и на тој начин свесноста за таа одговорност е клучна при избор на вистинските додатоци во исхраната.

Општи забелешки

Додатоци во исхраната, како што самото име кажува, се само додатоци. Основата на здрава бременост е секако урамнотежена и квалитетна исхрана.Меѓутоа, во брзото и модерно време потребно е често да се земаат додатоци во исхраната, на тој начин организмот овозможува пристап на оптимален опсег на микронутриенти (микрохранливи состојки), а причина за тоа е внес на високо преработена храна или поради нутритивно осиромашување со одредена група на храна.

Недостаток на било кој микронутриент се развива за време на подолг период, а често не е возможно да се отстрани во краток рок и затоа на жените кои планираат бременост им се советува земање на додатоци во исхраната три месеци пред почетокот на планирање на бременост, како би се „заситиле резервите".

Состав на Novalac Prenatal капсули

Novalac Prenatal капсули во само 1 капсула ги содржат сите клучни хранливи материи кои и се потребни на жената при планирање на бременост, за време на бременост и доење.

Составот е прикажан во табелата:

СОДРЖИ

1 капсула

Препорачан дневен внес

ФОЛАТИ

600 μg

300 %

Фолна киселина

300 μg

150 %

(6S)-5-метилтетрахидрофолен глукозамин

556 μg

150 %

ДХА*

200 mg

/

ЖЕЛЕЗО

14 mg

100 %

МАГНЕЗИУМ

56 mg

15 %

ТИАМИН

1,4 mg

127 %

РИБОФЛАВИН

1,4 mg

100 %

НИАЦИН

18 mg

113 %

ПАНТОТЕНСКА КИСЕЛИНА

6 mg

100 %

ВИТАМИН Б6

1,9 mg

136 %

БИОТИН

30 μg

60 %

ВИТАМИН Б12

2,6 μg

104 %

ВИТАМИН Ц

40 mg

50 %

ВИТАМИН Д3

10 μg

200 %

ВИТАМИН Е

15 mg

125 %

ЦИНК

11 mg

110 %

ЈОД

150 μg

100 %

СЕЛЕН

50 μg

91 %

 

ДХА – докозахексаенска киселина

Зошто секојмикронутриент е одбран како составен дел на Novalac Prenatal капсулите?

Фолати

Фолатите се веројатно најпознати и најмногу истражувани додатоци во исхрана за бремените жени. Бројни студии ја потенцираа важната улога на фолната киселина во:

  • спречување на неправилности во затворање на невралната цевка, односно дел од фетусот од кој се развива мозокот, 'рбетен мозок, задниот дел од черепот и пршлените од 'рбетниот столб,
  • создавање на крвните клетки,
  • формирање на коскената срж.

Невралната цевка од која се развива мозокот на бебето и 'рбетен мозок, се затвора рано, помеѓу 21 и 28 ден по оплодувањето. Овој податок дополнително допринесува за важноста на гореспоменатите совети за земање на додатоци во исхраната за време на планирање, односно пред почетокот на бременоста.

Фолната киселина е важна и за време на доењето, кога мајката со земањето на фолна киселина може да избегне анемија.

Novalac Prenatal капсулите содржат фолати во два облика: половина како фолна киселина (понекогаш се нарекува витамин В9), а другата половина во облик на 5-метилтетрахидрофолат, кој е многу ефикасен алтернативен облик на фолна киселина и важен за зголемување на концентрацијата на фолати кај жените кои имаат проблем со работата на ензимите поврзани со фолатот.

Омега-3 масна киселина ДХА

Омега-3 масна киселина ДХА, односно ДХК (докозахексаенска киселина) има клучна улога во развојот на мозокот и видот (мрежница) кај бебето. Студиите докажале дека децата чии мајки додавале ДХА во својата исхрана, во споредба со оние кои не додавале:

  • имаат подобрени вештини во решавање на задачите,
  • постигнуваат подобри резултати на тестовите за координација на рацете и очите.

Меѓутоа, недостаток на омега-3 масна киселина ДХА може да доведе до појава на :

  • алергија,
  • атописки дерматитис,
  • астма кај децата,
  • може да го зголеми и ризикот од предвремено породување.

Железо

Железото е особено важно за постигнување на високите барања за хематопоезата (формирање и развој на различни видови на крвни клетки) кај идната мајка и фетусот, како и формирање на плацентата. Покрај тоа допринесува во вкупниот раст и развој на фетусот.

Недостаток на железо е најчестиот недостаток на микронутриент во светот и несразмерно почесто ги погодува бремените жени. Развој на анемија (слабокрвност) покрај недостаток на железо во првите дветримесечја од бременоста е ризик фактор за предвремено породување и ниска родилна тежина и навестува недостаток на железо кај новороденчето.

Витамин Д3

Витамин Д3 има централна улога во градбата на коските, мускулите и забите. Понатаму:

  • го јакне имунолошкиот одговор во борбата против инфекции,
  • ги штити нервните клетки во мозокот,
  • делува позитивно на кардиоваскуларниот систем,
  • штити од одредени карциноми.

Според сознанијата на Светската здравствена организација, недостатокот на витамин Д е присутен кај бремените жени ширум светот. Посебно се загрозени бремените жени кои живеат на северните делови во светот. Недостаток на витамин Д во бременоста може да доведе до:

  • поголема осетливост на инфекции,
  • зголемен крвен притисок,
  • зголемен ризик од предвремено породување,
  • прееклампсија (типична болест кај бремените жени која се манифестира со висок крвен притисок и протеини во урината),
  • зголемен ризик од развој на астма кај детето,
  • гестациски дијабетес,
  • итно породување со царски рез,
  • мала родилна тежина,
  • бавен раст на фетусот,
  • повисока инциденца на постпородилна депресија.

Јод

Јодот има важна улога во:

  • контролирање на физичкиот раст на доенчето,
  • формирање на коските,
  • развој на мозокот.

Повеќето супклинички (без клинички изразени симптоми) намалувања на функцијата на штитната жлезда може двојно да го зголеми ризикот од спонтан абортус и смрт на новороденчето. Спрема наодите на многу студии, намалената функција на штитната жлезда и недостаток на јод кај мајката се поврзани со оштетување на нервниот и когнитивниот (менталниот) развој на детето. Таквите деца покажуваат и поголеми проблеми во однесувањето, помала способноста за учење и низок коефициент на интелигенција.

Магнезиум

Ја намалува инциденцата на предвремено породување, прееклампсија (типична болест кај бремените жени која се манифестира со висок крвен притисок и протеини во урината) и ниска родилна тежина. Покрај тоа магнезиумот ги ублажува грчевите во нозете кај бремените жени и младите мајки.

Тиамин

Тиамин, односно витамин Б1 е неопходен за Вашиот метаболизам на јаглени хидрати и метаболизмот на Вашето бебе. Исто така е неопходен за развојот на мозокот на Вашето бебе. Надополнување на тиамин (и други витамини од групата Б) е особено важно кај бремените жени кои често имаат мачнини поради кои повраќаат.

Рибофлавин

Покрај здрави очи и сјајна коса, рибофлавинот односно витамин Б2 има важна улога во развојот на крвните клетки, кожата и слузокожата на гастроинтестиналните органи кај фетусот. Исто така може да помогне во намалување на ризикот од прееклампсија (типична болест кај бремените жени која се манифестира со висок крвен притисок и протеини во урината).

Ниацин

Ниацин, односно витамин Б3 спречува вродени малформации (неправилен облик и развој на органите или дел од орган) и појава на спонтан абортус. Тој е еден од витамините кои се клучни за развој на детскиот мозок.

Пантотенска киселина

Пантотенска киселина или витамин Б5 е важна како состојка на коензимот А (CoA), неопходна за многу хемиски реакции во клетките. Пантотенската киселина исто така е идеална за ублажување на грчеви кои се појавуваат за време на бременост, посебно грчеви во нозете.

Витамин Б6

Соодветното снабдување со витамин Б6 дава многу корисни ефекти. Во бременоста има важна улога во развојот на нервниот систем, синтезата на фетални нервни преносители (неуротрансмитери) и феталниот метаболизам. Додавање на витаминот Б6 покажало смалување на тежината и зачестеност на мачнини во бременоста. Мали резерви на Б6 се поврзани со смалување на можноста за зачнување и зголемен ризик од ран прекин на бременоста. Исто така има позитивен ефект на родилната тежина.

Покрај наведеното, на витамин Б6 може да реагираат анемични бремени жени кои не реагираат адекватно на додавањето на железо.

Биотин

Биотинот помага во претворање на храната во енергија. Тој е коензим кој е потребен за метаболизмот на глукоза и аминокиселини. Во текот на бременоста се зголемува обемот на метаболизмот, односно земањето на биотин поволно влијае на зголемените метаболички потреби.

Витамин Б12

Витамин Б12, познат како кобаламин, најголем и структурно најсложен витамин вклучен во синтезата на молекулата на ДНК, односно на метаболизмот на аминокиселините и масните киселини. Исклучително е важен за нормално функционирање на нервниот систем бидејќи учествува во мијелинизација на нервните влакна и созревање на црвените крвни клетки во коскената срж.

Премалку витамин Б12 во текот на бременоста може да доведе до:

  • спонтан абортус,
  • прееклампсија (типична болест кај бремените жени која се манифестира со висок крвен притисок и протеини во урината)
  • мала родилна тежина,
  • развој на разновидни абнормалности (посебно оштетување на невралната цевка)
  • одложена мијелинизација или демијелинизација на нервите.

Изворите на витаминот Б12 се најчесто од животински производи како месо, јајца, млечни производи и риба, па затоа ризикот од неговиот недостаток сигнификантно е поголем кај вегани и вегетеријанци.

Витамин Ц

Vitamin CСтудиите покажале дека витаминот Ц спречува предвремено и прерано пукање на јајце клетките (PPROM) и дополнително намалување на ризикот од инфекции на уринарниот систем во бременоста.

Витамин Е

Витамин Е претставува антиоксиданс, растворлив во масти, ги штити мембраните на клетките од штетните влијанија на оксидативниот стрес. Ниските концентрации на витамин Е во плазмата, при испитувањата биле поврзани со зголемен ризик од:

  • спор раст на фетусот,
  • прееклампсија (типична болест кај бремените жени која се манифестира со висок крвен притисок и протеини во урината),
  • гестациски дијабетес,
  • спонтан абортус.

Дополнително се покажало дека витаминот Е е корисен во спречување на грчеви во нозете кај бремените жени.

Цинк

Цинкот е потребен за правилна работа на повеќе од 300 ензими и поради тоа е неопходен за живот, раст и развој. Најважните процеси во кои учествува цинкот е умножувањето на молекулите на ДНК, умножувањето на клетките и транскрипција на генот. Затоа не е ни чудно дека недостаток на цинк може да влијае на растот и развојот на детето, како и зголемен ризик од ментална ретардација. Сериозен недостаток на цинк може дури и да предизвика симптоми кои имитираат фетален алкохолен синдром.

Селен

Селенот е важен минерал и антиоксиданс кој има клучна улога во метаболизмот на хормоните на штитната жлезда, синтеза на ДНК молекулата и заштита од оксидативни оштетувања и инфекции. Недостаток на селен може да предизвика различни гестациски компликации како што се спонтан абортус и оштетување на нервниот и имунолошкиот систем кај фетусот.

 

Извори:

  • Brown B, Wright C. Safety and efficacy of supplements in pregnancy. Nutr Rev. 2020 Oct 1;78(10):813-826.Erratum in: Nutr Rev. 2020 Sep 1;78(9):782.
  • Swanson D, Block R, Mousa SA. Omega-3 fatty acids EPA and DHA: health benefits throughout life. Adv Nutr. 2012;3(1):1-7.
  • Georgieff MK, Krebs NF, Cusick SE. The Benefits and Risks of Iron Supplementation in Pregnancy and Childhood. Annu Rev Nutr. 2019;39:121-146.
  • https://www.webmd.com/baby/pregnancy-diet-nutrients-need#2, dostop 10. 4. 2021
  • Shi H, Enriquez A, Rapadas M, Martin EMMA, Wang R, Moreau J, Lim CK, Szot JO, Ip E, Hughes JN, Sugimoto K, Humphreys DT, McInerney-Leo AM, Leo PJ, Maghzal GJ, Halliday J, Smith J, Colley A, Mark PR, Collins F, Sillence DO, Winlaw DS, Ho JWK, Guillemin GJ, Brown MA, Kikuchi K, Thomas PQ, Stocker R, Giannoulatou E, Chapman G, Duncan EL, Sparrow DB, Dunwoodie SL. NAD Deficiency, Congenital Malformations, and Niacin Supplementation. N Engl J Med. 2017 Aug 10;377(6):544-552.

Планирање на бременост

Дали планирате да го проширите семејството? Зачнувањето е многу важна одлука затоа што внесува нова радост и грижа во животот на идната мајка.

Прочитај повеќе

Бременост

Секоја бременост е нешто посебно. Што ќе се случи за време на бременоста, како да се подготвите за бременоста и за породувањето, кои се упатствата за исхрана во бременоста.

Прочитај повеќе