Novalac Prenatal капсули > Бременост > Азбука на есенцијални витамини во бременоста

Азбука на есенцијални витамини во бременоста

Бременоста како најголем подарок и носи на секоја жена неопислива радост. Но покрај целата радост, се наметнуваат многу прашања за тоа што сè треба да внесеме во организмот, за да може веднаш да започнеме да се грижиме за здравјето на бебето и, се разбира, на мајката. Ви ја претставуваме азбуката на есенцијални витамини во бременоста и каде може тие да се најдат во исхраната.

Пред сè, честитки! Пред вас е најубавиот период од животот. Веќе размислувате за името на бебето, кој пол ќе биде, на кој ќе наликува, што ќе прави во животот, што да направите за да го одржите вашето бебе здраво. И ќе добиете многу совети од вашата мајка, тетките, стрините, вујните, другарката, комшивката и главно сите ќе бидат различни, а потоа едно прашање ќе се претвори во уште три...

Не би сакале толку многу дилеми и барање на одговори да ве одвлекуваат од уживањето во бременоста. Меѓу првите прашања ќе биде: Кои витамини треба да започнам да ги земам за време на бременоста? Со овој текст сакаме да ви дадеме одговор на ова прашање и времето што ќе го заштедите на оваа тема, посветете го на фотографирање на вашиот стомак што расте или слушајте музика 10 минути на ден додека си го галите стомакот или правете што и да сакате.

Кои витамини треба да започнам да ги земам за време на бременоста?

Важно е да започнете со внес на витамини во периодот кога планирате бременост, идеално би било три месеци пред зачнувањето, бидејќи е пожелно бебето од првиот ден да се развива во средина богата со сите потребни витамини.

Ќе забележите дека називот Азбука на витамини во бременост не е случаен.

Витамин А - познат е по својот позитивен ефект врз развојот на видот, имуниот систем и коските, како и на кожата. Непогрешлив извор на витамин А е јајцето, кое покрај овој витамин содржи и железо и есенцијални протеини. Некои од најпознатите извори на витамин А се: моркови, интегрални житарки, артичока, блитва, зелка, зелена салата, леќа, кромид, ротквица, грашок... Умереноста е секогаш важна, особено со витамин А, бидејќи внесувањето на неговата синтетичка форма преку додатоци може да има штетни последици. Од друга страна, внесувањето на витамин А во форма на бета-каротен кој се наоѓа во храната обично нема такви последици. Затоа земањето на витамин А преку додатоци во исхраната за време на бременоста, според Светската здравствена организација во Европа, обично не е потребно, па најдобро е да се насочите кон неговите природни извори.

Витамините Б се голема група на витамини која ја сочинуваат: витамин Б12, Б6, фолна киселина (витамин Б9), како и Б1, Б2, Б3, Б5 in Б7.

  • Витамин Б6 е еден од неопходните витамини за правилно функционирање на метаболизмот на протеини, шеќери и масти, како и за создавање на крвни клетки. Го има во пилешко, мисирка, туна, семки од сончоглед, интегрални производи, млеко, сирење, грав, спанаќ, моркови.
  • Фолна киселина спаѓа во групата на витамини Б и е важна за формирање и затворање на невралната цевка, а тоа е клучен процес во комплетното развивање на мозокот и 'рбетниот мозок на детето. Со оглед на тоа дека има влијание врз развојот на нервниот систем, кој се одвива во раната фаза на бременоста, многу е важно да се започне со земање фолна киселина на време. Вклучена е во создавањето на ДНК, што значи дека без нејзиното соодветно ниво, клетките не можат да се делат, а растот е ограничен. За време на бременоста, има зголемен раст на клетките и затоа се зголемува потребата за фолна киселина. Одличен извор на фолна киселина се: зелен лиснат зеленчук, семиња, јаткасти плодови, агруми, црн дроб и житни култури.
  • Витамин Б12 е неопходен за синтеза на ДНК, за одржување на нормална крвна слика и добри невролошки функции на мозокот. Недостаток на витамин Б12 кај бремени жени предизвикува анемија, чувство на замор, останување без здив, сензорни нарушувања во екстремитетите, заборавеност, промени во расположението. Бидејќи најчесто се наоѓа во храна од животинско потекло, веганите мора да посветат посебно внимание на овој витамин. Извори на витамин Б12 се црвено месо, млечни производи, риба, пилешко и јајца.

Витамин Ц е антиоксидант кој ја зголемува отпорноста на организмот. Неопходен е при формирање на колаген, коски, 'рскавица, мускули и крвни садови. Витаминот Ц се наоѓа во сите телесни ткива и бидејќи не се задржува долго во нив, неопходен е секојдневен внес. Соодветно внесување на витамин Ц овозможува и добра апсорпција на железото. Концентрацијата на витамин Ц во крвта на жената за време на бременоста може драстично да опадне. Витаминот Ц преку исхраната се добива главно од свежо овошје, особено агруми (лимон, портокали, грејпфрут), како и домати, киви…Зимска замена како одличен извор на витамин Ц е киселата зелка.

Витамин Д му помага на организмот да ги апсорбира и соодветно искористи калциумот и фосфорот, што пак влијае и на соодветниот развој на коските.  Во последно време, неговата улога во правилната поделба на клетките и работата на имунолошкиот систем станува сè поважна. Недостатокот на витамин Д кај бремените жени претставува ризик фактор за развој на остеопороза подоцна во текот на животот, додека кај фетусот може да предизвика рахитис во детството. Сè смета дека недостаток на витамин Д е присутен кај голем дел од популацијата, вклучувајќи ги и бремените жени, па за негова доволна количина потребно е редовно изложување на сонце, употреба на храна која го содржи, како и витамини за бремени жени со препорачана количина на витамин Д. Храна богата со витамин Д е жолчка од јајце, лосос, сардини, збогатено млеко, свежо исцеден сок од портокал.

Не е потребно да јадете за двајца

Тајната на успехот е во внесувањето на квалитетна храна, а не во поголема количина, затоа не е потребно да се јаде за двајца. Хранете се здраво и обезбедете доволен внес на витамини со соодветни додатоци наменети за бремени жени. Денес постојат многу витамини за бремени жени, а покрај онаа азбука на витамини, додатоците треба да се содржат и соодветно количество на минерали и масни киселини. Сè што е потребно во соодветна количина содржат Novalac Prenatal капсулите.

 

Планирање на бременост

Дали планирате да го проширите семејството? Зачнувањето е многу важна одлука затоа што внесува нова радост и грижа во животот на идната мајка.

Прочитај повеќе

Бременост

Секоја бременост е нешто посебно. Што ќе се случи за време на бременоста, како да се подготвите за бременоста и за породувањето, кои се упатствата за исхрана во бременоста.

Прочитај повеќе

Novalac Prenatal капсулите се додатоци во исхраната. Додатоците на исхрана не се замена за балансирана исхрана.